Ракометарите на Вардар продолжуваат да чекорат шампионски во Супер лигата. Попладнево “црвено – црните” лесно и убедливо со резултат 37-19 (19-9) го совлада тимот на Еурофарм Работник. Со оваа победа, сега Вардар е на само три чекори до одбрана на шампионската титула.
Тимот на Работник на овој меч се држеше само во почетните 15-сетина минути, потоа Вардар додаде во “втора брзина”, па така на полувреме замина дури со десет голови предност 19-9. По одличните одбрани на нашиот голман Милиќ кој бранеше на овој дуел, Вардар на моменти имаше и +14 голови предност. До крајот на мечот Вардар само рутински си ја доврши својата задача. На крај, нашиот шампион славеше уште една убедлива победа, овој пат со 18 голови разлика.
На Вардар до крајот му преостануваат уште три натпревари.