Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2005 со двата триумфа на двете екипи обезбеди место понатака во разигрувањето
ФК Вардар генер.2005 со двата триумфа на  двете екипи обезбеди место понатака во разигрувањето

ФК Вардар генер.2005 со двата триумфа на двете екипи обезбеди место понатака во разигрувањето

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија започнаа елиминациските натпревари во детската фудбалска лига, кај скопско-кумановскиот регион. Генерацијата родени “2005“ година ги добија првите два натпревари во овој дел од разигрувањето.

2

Вардар (1) за противник во четврфиналето ја имаше екипата на Форца, која ја совлада со резултат. Првите десет минути од натпреварот поминаа во цврста и борбена игра на двете страни. Веќе започнаа елиминациските мечеви, па секој пораз значеше крај на  настапите за оваа сезона. Првиот посерозен удар го имаше екпата на Форца која биеше покрај нашиот гол. Како одминуваше првото полувреме, така нашите млади надежи играа се подобро. Ѓорѓи Дошев се обиде директно од слободен удар, но голманот на Форца, Бреслиев го брани неговиот удар. Вардар успева да ја затресе противничката мрежа и го отвора резултатот на 1:о. Стрелец на голот беше Филип Јовановски кој пласира во долниот десен агол за предност на Вардар. Во шанса се најде и Симеон Здравковски, но резултатот остана непроменет. На одмор се замина со резултат 1:0.

3

Во второто полувреме гледавме неизвесен натпревар. Форца одигра доста борбено и одолеа на сите напади на Вардарци. Тие дури успеваат и да го израмнат резултатот на 1:1. Притисокот во тие моменти беше на страната на Вардар, кој се обидуваше да постигне нов гол за победа. Отсечено делувавме во нападот, без некои поголеми шанси за гол. Сепак успеавме да погодиме преку Ѓорѓи  Дошев од слободен удар. Овој играч биеше директно, топката зафати еден од играчите на Форца и заврши во нивниот гол. Останаа уште пет минути за игра, каде не се случи ништо посериозно. Конечниот резултат на крајот гласеше 2:1.

5

Натпревар одигра и Вардар (2) кој се сретна со екипата на Хет-трик. Овој меч убедливо припадна во наша корист со резултат. Имавме целосна доминација на овој меч и заслужено победивме. Првиот удар кон голот на противникот го имаше Дамјан Конески, но голманот го брани ударот. Следен кој се обиде беше Лука Јакимовски, но резултатот останува оној почетниот. Сепак Вардар успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со голот на Христијан Танески. Продолжи офанзивната игра и константниот притисок на половината на противникот. Јакимовски можеше да го зголеми водството, но пречката од голот на Хет-Трик е сојузник. Втор гол на натпреварот постигна Вардар, прв за Горјан Цветков за водство од 2:0. Хе-трик речиси и да не упати удар кон нашиот гол, одличнод елуваше и нашата дефанзивна линија. Противникот направи три корни, по што беше досуден удар од белата точка. Сигурен реализатор е Горјан Цветков кој погодува за 3:0. До крајот на првото полувреме уште два гола за Вардар. Најпрво на 4:0 зголеми Филип Радевски, за првото полувреме со гол да го затвори Горјан Цветков за 5:0, што беше и негов хет-трик на овој дуел.

4

Во вториот дел продолжи офанзивната игра и нов погодок за црвено-црните. Прв гол на овој дуел и за Стефан Наумовски кој зголеми на 6:0. Следува прекрасен гол на капитенот Дамјан Конески кој од голема далечина успева да го зголеми резултатот на 7:0. Прв гол на мечот постигнува и Стефан Ристовски кој го зголемува резултатот на 8:0. Давор Лефковски беше следниот кој се запиша во листата на стрелци, кој погодува за предност од 9:0.  Ова беше и конечен резултат на крајот.

Успешно поминаа првите елиминациски мечеви за оваа генерација, која ги продолжува настапите во детската лига.