Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар генер. 2007 се пласираше во осминафиналето
Вардар генер. 2007 се пласираше во осминафиналето

Вардар генер. 2007 се пласираше во осминафиналето

Денеска на жешките терени во Градски парк генерацијата на Вардар 2007 одигра два натпревари во 1/16 финалето. Нашите момчиња во нокаут фазата беа подобри од тимовите на  Нова Колонија и Металург.

Најпрвин натпревар одигра Вардар (1) против тимот на Нова Колонија. Овој меч Вардар потешко од очекувањата го доби со резултат 3:2. Нашиот тим во текот на целиот натпревар беше подобар тим, но реализацијата малку изостануваше. На крајот најважно е што тимот на Вардар се пласираше во осминафиналето. Стрелци на головите: Петар Мицевски, Александар Грашески и Емир Саботиќ по еден гол.

Вардар (2) пак, немаше никакви проблеми против тимот на Металург. Овој натпревар нашиот тим го доби со убедливи 10:1. Уште од самиот старт Вардар покажа дека на овој меч е далеку поквалитетен противник од Металирг. И овој тим се пласираше во осминафиналето. И двете екипи дуелите од осминафиналето ќе ги одиграат веќе утре.

Стрелци на головите на овој меч беа: Петaр Кoтевски 3, Злaткo Рaдески 2, Никoлa Јoвaнoвски 2, Вoјo Стoјaнoвски, Леo Мaнчев и Филип Кузaревски пo 1 гoл.