Wednesday ,09 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедлив триумф за генерацијата “2002„ против Ново Лисиче
Убедлив триумф за генерацијата “2002„ против Ново Лисиче

Убедлив триумф за генерацијата “2002„ против Ново Лисиче

Генерацијата на ФК Вардар родени “2002“ година денес на теренот на академијата одиграа натпревар во рамките на регионалната-скопска лига. Црвено-црните беа убедливи, славејќи триумф со резултат.

Стартните 11 за Вардар беа: Станковски, Костовски, Крстевски, Петејчук, Гугуљанов, Демири, Асани, Салиу, Речица, Блажевски, Игнатов.

Уште на стартот на натпреварот успеваме да го отвориме резултатот и да поведеме со 1:о. Стрелец на голот беше Тео Блажевски. Разликата во квалитет беше во голема мера на наша страна, избраниците на Ѓорѓиевски имаа целосна доминација на теренот и голем посд на топка. Добра прилика имаше и Харбин Речица, но неговиот удар со глава завршува покрај голот на противникот. Следните погодоци на натпреварот се дело на Леонид Игнатов, кој го зголемува резултатот на 2:0 и 3:0. Обид имаше и Салиу, кој шутира по земија, само во рацете на добро поставениот голман на Ново Лисиче.

18449878_10209346889771422_275466779_n

Нови атаци кон голот на гостинскиот тим и шанса за Демири кој бие покрај стативата од голот. Тео Блажевски успева и по втор пат да се запише во листата на стрелци и да донесе водство од 4:0 за Вардар. Ново Лисиче речиси и да не ја помина својата половина, без ниту еден директен удар кон голот на Станковски. Одличен погодок за Анатолиј Петејчук кој продре од деснатата страна, со намера да нафрли тој биеше директно во голот на Лисиче, при што топката завршува во голот, за водство од 5:0. Последните два гола во вториот дел беа дело повторно на Игнатов, кој му носи предност на својот тим од 7:0, резултат со кој се замина на одмор.

18450146_10209346889611418_1892826904_n

Во второто полувреме во игра влегоа Омерагиќ, Пешовски, Величковски, Ѓорѓиевски, Трајановски, Фазлиу и Тодоровски. Во вториот дел беа постигнати уште три голови. Најпрво на 8:0 зголеми Пешовски, додека за 9:0 погоди капитенот Далибор Костовски. Мајсторски се ослободи од два играчи во противничкиот шеснаесетник и постигна гол. Конечниот резултат од 10:0 на овој натпревар го постигна Азер Омерагиќ.