До крајот на плеј-офф сегментот во машката ракометна Супер лига остануваат уште три кола, по крајот на 7.коло РК Вардар е лидер на табелата со 18 бода колку и Металург кој е зад нас. Следен натпревар кој ги очекува момците на Раул Гонзалес е натпреварот со велешани екипата на ГРК Борец. Тој дуел е на програмата денес, понеделник 15-ти мај.
Дуелот ќе се игра со почеток во 17-00 часот во Спортсиот центар “Јане Сандански“ каде ние условно ќе бидеме гости. Со овој противник игравме на 9-ти месецов во “Јане Сандански“, на тој натпревар црвено-црните ја совладаа екипата на Борец со резултат 39:28 (19-13). Тимот против кој играме е “фенерџија“ во плеј-офф сегментот од лигата и досега нема освоено ниту еден бод во одиграните дуели. После овој дуел нас ни остануваат две кола за доигрување, и тоа уште гостувањето кај РК Пелистер и домашниот меч со екипата на Охрид. Тие два меча треба да се рутина на нашиот пат до 11-тата титула Шампион на Република Македонија.