Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мила Филипова: “Јуниор“ лигата е одличен проект во кој сите деца имаат шанса да го покажат својот квалитет
Мила Филипова: “Јуниор“ лигата е одличен проект во кој сите деца имаат шанса да го покажат својот квалитет

Мила Филипова: “Јуниор“ лигата е одличен проект во кој сите деца имаат шанса да го покажат својот квалитет

Финишираше уште една интересна сезона во ракометната “Јуниор“ лига. Повеќе од 24 ракометни школи беа дел од овој голем проект на РК Вардар, кој се очекува во секоја наредна сезона да го зголемува бројот на учесници во оваа лига. Веќе се познати победниците во секоја возрасна генерација, во машкиот и женскиот дел на ова натпреварување. Кај генерацијата 2002/03, кај девојките првото место им припадна на РК Шампион. Тие во големото финале беа подобри од тимот на РК Делчево, додека во полуфиналето ја совладаа РК Кастратовиќ. Дел од оваа победничка генерација е Мила Филипова, која е една од најдобрите ракометарки на екипата.

-Истата ни беше многу важна “цел”,а тоа е да го освоиме првото место. Јуниор лигата исто така ни помогна да се развиеме во подобри играчи затоа што од натпревар во натпревар сите се повеќе се зајакнувавме. Највпечатливо ми беше тоа што освоивме по втор пат прво место. Во полуфиналето изигравме како што треба, а поголем труд вложивме во финалето. Очекувавме да го освоиме првото место. Беше напорно и тешко, но ние тоа добро го совладавме. Сметам дека одбраната досега ни продонесе многу и ни помогна да го освоиме првото место.

116-660x330

Голема заслуга за успехот на оваа школа, која беше победник и на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ сигурно дека се препишува и на тренерескиот тандем, Чивлачки-Треневска.

-Голема привилегија е да се работи со Треноска и Чивлачки. Вложуваат труд повеќе од потребното. Тие се најзаслужни за нашиот напредок и квалитетот на играта. Ние како екипа, среќни сме што имаме такви тренери. Задоволна сум од мојот придонес ,но секогаш гледам на тоа “можев и подобро”. Себеси се гледам како добар спортист и за тоа исто така се заслужни моите тренери, но и моите соиграчи.

Звонко Ивановски