Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар денес игра со “фенерџијата“ ГРК Борец
РК Вардар денес игра со  “фенерџијата“ ГРК Борец

РК Вардар денес игра со “фенерџијата“ ГРК Борец

До крајот на плеј-офф сегментот во машката ракометна Супер лига остануваат уште три кола, по крајот на 7.коло РК Вардар е лидер на табелата со 18 бода колку и Металург кој е зад нас. Следен натпревар кој ги очекува момците на Раул Гонзалес е натпреварот со велешани  екипата на ГРК Борец. Тој дуел е на програмата денес, понеделник 15-ти мај.

jj

Дуелот ќе се игра со почеток во 17-00 часот во Спортсиот центар “Јане Сандански“ каде ние условно ќе бидеме гости. Со овој противник игравме на 9-ти месецов во “Јане Сандански“, на тој натпревар црвено-црните ја совладаа екипата на Борец  со резултат 39:28 (19-13). Тимот против кој играме е “фенерџија“ во плеј-офф сегментот од лигата и досега нема освоено ниту еден бод во одиграните дуели.  После овој дуел  нас ни остануваат две кола за доигрување, и тоа уште гостувањето кај РК Пелистер и домашниот меч со екипата на Охрид. Тие два меча треба да се рутина на нашиот пат до 11-тата титула Шампион на Република Македонија.