Момците на Седлоски Гоце по одлука на стручниот штаб имаа слободен ден во понеделникот по одиграното дерби со Работнички. Тие вчера и денеска се вратија на тренажниот процес. Тренинзите ги работат на теренот при Кампот на Фудбалскиот клуб Вардар во населбата Хиподром.
Стручниот штаб и фудбалерите ги почнаа подготовките за следниот натпревар, дуелот во рамките од 34. коло од ПМФЛ против тетоваска Ренова. Овој натпревар ќе се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје во недела. Титулата е веќе обезбедена останува само да се доигра неделниот дуел и уште два натпревари. Во 35.коло играме со ФК Пелистер на гости, а во последното 36.коло кога ќе ни се додели пехарот играме со Силекс на домашен терен. Денешниот тренинг не го одработија двајца играчи, Владица Брдаровски и Хофханес Хамбарџумјан кои што се повредени и се надвор од тренажен процес.