Оваа среда во Купот по пауза од над деценија и пол екипата на ФК Пелистер од Битола дојде до титула во најмасовното натпреварување. Па така бидеќи црвено-црните се шампиони во лигата за првпат во историјата на македонскиот фудбал двата тима ќе играат за титулата од Суперкупот на Македонија.
Тоа ќе биде првиот трофеј наредната сезона кој ќе може да го освоиме. Оваа сезона од добро познати причини Суперкупот не се одигра. Сепак од ФФМ доаѓаат сериозни најави дека натпреварувањето нормално ќе продолжи од идната сезона. Терминот ќе мора да непречи за мечевите во европските натпревари на Вардар и Пелистер. Од таа причина поради немање термин истиот оваа сезона не се одигра, а полани кога игравме со екипата на ФК Работнички и дојдовме до пехарот истиот се многу покасно од почетокот на сезоната.
Македонското дерби на програмата во лигата е веќе следната недела. На 28 мај црвено-црните гостуваат во Битола. Ова ќе биде четврти лигашки дуел сезонава, Вардар досега забележа две победи и еден натпревар заврши без победник.