Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар се вратија на победите во лигата. Денес на теренот во населбата Јане Сандански се одигра претпоследното коло во кадетската лига. Црвено-црните избраници на Влатко Колев го совладаа Шкупи со резултат 2:1. Со истиов резултат триумфиравме и на првиот дуел во есенскиот дел од сeзоната.
Тренерот Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: зибери, Тодоров, Калчиноски, Јордановски, Серфимов, Стоименов, Јахја, Насковски, Скендерски, Димов, Трајчевски.
По првото полувреме, резултатот беше оној почетниот 0:0, иако и во овој дел од играта имавме неколку шанси да го отвориме резултатот. Сепак на стартот на вториот дел успеавме да ја затресеме противничката мрежа и да поведеме со 1:0. Стрелец на голот беше Андреј Скендерски кој му донесе водство на Вардар. Одлично игравме на овој натпревар и постојано бевме во атак кон противничкиот гол. Набргу успеваме да го зголемиме реѕултатпт на 2:0 и тоа во 63 минута од натпреварот со погодокот на Никола Серафимов. До крајот на мечот, екипата од Чаир успеа да го намали резултатот на 2:1. Стрелец на почесниот гол за Шкупи беше Нуредин Исеини. На крајот овој резултат се покажа како конечен.
Во игра во вториот дел влегоа и Стојчевски Христијан, Исо Мушиќ и Купа Харбин. Во последното коло ѕа оваа сезона гостуваме на екипата на Ренова.