Осум екипи на фудбалскиот клуб Вардар од пет различни генерации утре ќе ги одиграат четвртфиналните натпревари во детската лига. Утре и во петок на програмата е завршниот турнир во ова натпреварување, по што ќе бидат познати победниците во сите генерации од цела Македонија.
Веќе се познати сите противниците за нашите екипи, како и можните противници во полуфиналните дуели, кои исто така ќе се одиграат во текот на утрешниот ден. Ова е распоредот на одигрување натпревари за сите екипи на ФК Вардар:
ФК Вардар (1) генер. 2004 – Фудбал Старс 11:00
ФК Вардар (2) генер. 2004 – Брегалница 12:15
Доколку ги поминеме овие противнии во евентаулно полуфинале би играле и тоа Вардар (1) со победникот од дуелот Шкендија – Фер Плеј, додека Вардар (2) доколку ја помине четврфиналната пречка во полуфиналето ќе го чека подобриот од мечот ЛГ Битола и Академија Пандев.
ФК Вардар (1) генер. 2005 - Шкендија 14:30
ФК Вардар (2) генер. 2005 – Академија Пандев 13:30
Во евентулано полуфинале, Вардар (1) ќе игра со подобриот од мечот ЛГ Битола и Фудбал Старс, додека Вардар (2) со победникот од дуелот Фер Плеј-Брегалница.
ФК Вардар генер. 2006 – Фудбал Старс 12:00
Доколку го поминеме овој противник, во полуфиналето не чека дуел со победникот од мечот Фер Плеј-Академија Пандев.
ФК Вардар (1) генер. 2007 – Дарданет 14:00
ФК Вардар (2) генер. 2007 – Академија Пандев 13:00
Во можно полуфинале, Вардар (1) го чека подобриот од мечот Талент-Фудбал Старс, додека Вардар (2) со победникот од дуелот Борец-Фер Плеј.
ФК Вардар (1) генер. 2008 – Брегалница С. 11:00
Доколку поминеме во полуфиналето ќе играме со подобриот од мечот Фламуртари и Дарданет