Saturday ,04 December 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во недела “генерална проба” за Суперкупот, Вардар гостува кај Пелистер
Во недела “генерална проба” за Суперкупот, Вардар гостува кај Пелистер

Во недела “генерална проба” за Суперкупот, Вардар гостува кај Пелистер

Екипите кои ги поделија двата фудбалски мак.трофеии тимовите на Пелистер и Вардар во недела ќе го играат вечното македонско дерби. Тоа е дуел  во рамките на 35-то претпоследно коло во Првата македонска фудбалска лига за сезонава. Двата тима ја завршија “мисијата“ оваа сезона обезбедија пехар и место во Европа.

Овој дуел е “генерална проба“ за Суперкуп мечот кој најверојатно ќе се игра пред почетокот на сезоната 2017/2018 година. Во мечот ФК Вардар влегува како  шампион на Република Македонија и тоа  третпат по ред. Домаќинот на дуелот ФК  Пелистер од Битола  во натпреварот ќе влезе како шампион во  Куп на Република Македонија за оваа сезона. Дуелот се игра во недела, на 28. мај со почеток во 16 часот и 30 минути.