Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е во серија од 15 победи, остануваат уште четири меча за нови два трофеи, од кои еден е во ЛШ
Вардар е во серија од 15 победи, остануваат уште четири меча за нови два трофеи, од кои еден е во ЛШ

Вардар е во серија од 15 победи, остануваат уште четири меча за нови два трофеи, од кои еден е во ЛШ

Уште два натпревари ја делат екипата на РК Вардар до нова првенствена титула, која ќе биде вкупно единаесетта во историјата на клубот. После гостинската победа против Пелистер, нашиот шампион го очекуваат уште два меча, за да го потврди првото место во супер лигата. До крајот на сезоната, избраниците на Раул Гонзалес треба да гостуваат во Велес, на екипата на Борец и на домашен терен да го пречекаат тимот на Охрид 2013. Вардар не знае за  пораз, дури од оној натпревар кој се играше во Автокоманда, од втори април. Од тогаш забележавме две победи во СЕХА-лигата ( и тоа оние завршните против Загреб и Веспрем), седум во супер-лигата ( на два пати ги совладавме екипите на Еурофарм Работник и Пелистер, додека по еднаш триумфиравме во дуелите со Металург, Борец и Охрид). Тука се и можеби најголемите победи во два наврати против екипата на Фленсбург ( во четврфиналето на ЛШ), како и четири победи во купот на Македонија ( најпрво во четвфиналната група беа совладани Борец и Радовиш, за на Ф4 да го потврдиме приматот на најдобри, со победите против Металург и Работник). Силно темпо на одигрување натпревари за црвено-црните, кои веќе освоија два трофеи оваа сезона. Еден беше во СЕХА-лигата и еден во купот од пред два дена, кога во финалето ја победивме екипата на Еурофарм Работник. За неколку дена имаме можност да стигнеме и до третиот, доколку успееме да победиме на споменатите два натпревари во супер-лигата, каде сме големи фаворити. Полека се ближи и завршниот турнир во Келн, со кој ќе ја завршиме најуспешната сезона во историјата на клубот. Како се ближи крајот, ние играме се подобро и подготвени ќе го дочекаме Келн, каде ќе атакуваме на четвртата титула за оваа сезона, а прва европска за клубот.