Македонската А репрезентација на 11. јуни ја очекува натпревар против силната Шпанија. Дуелот ќе се игра во Скопје на Националната арена „Филип Втори“. ова е натпревар во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Претходно на 5. јуни нашиот национален тим ќе одигра тест натпревар со селекцијата на Турција на домашен терен. Селекторот на црвено-жолтите, Игор Ангеловски денес го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварот од 6. коло во Г-групата од мундијалските квалификации и пријателскиот меч со Турција. На истиот се најдоа два играчи од ФК Вардар, станува збор за Стефан Спировскии голманот Гачевски Филип.