Асистент тренерот на Гоце Седлоски во ФК Вардар, Александар Васоски вчера се стекна со тренерска дозвола од највисок ранг – ПРО лиценца на УЕФА.
Tој на тренинг кампот на Вардар пред претставници од центарот за едукација на тренери на Фудбалската федерација на земјава успешно го положи завршниот испит, и се стекна со оваа лиценца. Васоски најпрво имаше презентација, потоа анализа на противник, и на крајот на терен со дел од играчите на Вардар оддржа тренинг пред комисијата од ФФМ. Вардаровата фудбалска легенда како помошник е дел од стручниот штаб на црвено-црните од почетокот на 2014 година.