Последно возбудување оваа сезона 2016/2017 во мак.куглањето е големото Куп финале. Во мечот за пехар во Куп на Република Македонија ќе се сретнат Кугларски клуб Макпетрол и нашиот црвено-црн тим, Кугларски Клуб Вардар. Вардарци до истото стигнаа убедливо со прво место во квалификациите и со две победи во полуфиналниот двомеч со екипата на КК Хераклеа од Битоал.
Избраниците на Драги Димитровски имаа цел во ова натпреварување и ја остварија, тоа беше пласман во самото финале. Во истото изразит фаворит е екипата на КК Макпетрол тимот со убедливо најголем буџет во овој спорт во земјава. Вардарци ќе се обидат да одиграат најдобро што можат во овој натпревар, а и по можност да изненадат. Макпетрол е бранител на титулата освоена лани во Купот која ја презема од црвено-црните кои година претходно се закитија со големиот пехар во Купот што беше големо изненадување. Финалето се игра на 28.05.2017г(недела), истото е закажано со почеток во 12:00часот. По ждребувањето вчера за место на одигрување се падна куглана во “ВИП Арена“(СЦБТ). Истото ќе се игра на патеки од 5-та до 8-та. Треба да се напомене екстра среќата на “пумпашите“ бидејќи им се паднаа нивниот домашен терен во целост. Во ждребот учестваа две куглани и можноста во нив да се игра на патеките 1-4 или 5-8. Токму извлечената куглана и патеки во целост им се поклопија на Макетрол кои играат постојано на нив.
Се надеваме на уште еден добар настап на нашите момци во овој меч против фаворитот за “злато“.