Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андријана Арсовска: “Јуниор лигата“ е одличен проект во кој можеме многу да напредуваме
Андријана Арсовска: “Јуниор лигата“ е одличен проект во кој можеме многу да напредуваме

Андријана Арсовска: “Јуниор лигата“ е одличен проект во кој можеме многу да напредуваме

Пред нас е втората сезона на ракометната “Јуниор“ лига, каде повеќе од 25 ракометни школи се натпреваруваа во различни возрасни генераиции, во машка и женска конкуренција. Повторно гледавме квалитетни натпревари, каде секоја екипа го даваше максимумот на теренот и секој играч сакаше да ги покаже своите квалитети. Дефинитивно овој голем проект наиде на позитивни реакции од секој член на “Јуниор“ лигата, преку која го надоградува своето знаење и го добива потребното искуство, кое му е потребно во иднина да се развие во професионален играч. Во женскиот дел кај генерација 2002/03, РК Шампион ја освои “Јуниор“ лигата, откако во големото финале го совлада тимот на РК Делчево. Најефикасна на финалниот натпревар, во победничкиот тим беше Андријана Арсовска, која запиша пет погодоци. Андријана за нашиот сајт ги споделува впечатоците од изминатата сезона во “Јуниор лигата“.

-“Јуниор лигата“ е одличен проект во кој можеме многу да напредуваме. Со секој натпревар ние се повеќе и повеќе се развиваме во подобри играчи и секогаш учиме нешто ново. Таа е многу значајна за нашето напредување, но исто така стекнуваме и нови пријателства. Заедно со мојот тим од почетокот на лигата до сега многу напредувавме дури и освоивме прво место на завршниот турнир. Бидејќи имавме добри противници, моравме многу да се трудиме и да даваме се од себе и секако постигнавме одлични резултати.

18678988_1162874120490775_1833204023_n

Целиот состав со помош на тренерскиот тандем, Треноска- Чивлачки имаат голема заслуга за освоениот трофеј во оваа генерација. Тука се и Димитар Бадев и Валентина Радуловиќ кои работат во РК Шампион.

-Исто така за победата многу се заслужни и нашите тренери Треноска и Чивлачки кои многу се трудеа околу нашата игра, а особено за одбраната. Со одбраната ние стигнавме до финалните натпревари. Но исто така и голем придонес за мојот успех имаат и Радуловиќ и Бадев со кои почнав да тренирам пред 2 години. Досега игравме добро, но секогаш може уште подобро. Се надевам дека заедно со мојот тим ќе освоиме уште многу први места, а и дека еден ден ќе можам да влезам во некој клуб каде што навистина ќе имам голем успех.

Звонко Ивановски