Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар 2008 се “прошета” до полуфиналето
Вардар 2008 се “прошета” до полуфиналето

Вардар 2008 се “прошета” до полуфиналето

Денеска на фудбалските терени на ФФМ се одиграа четвртфиналните мечеви во Детската лига. Вардар генерација 2008 лесно и убедливо го совлада тимот на Брегалница С. Играчите на Павел Неделковски од 15 часот ќе одиграат уште еден меч, овој пат во рамките на полуфиналето.

Уште од првата минута тимот на Вардар започна напаѓачки, шансите пред голот на противникот се редеа, а нашите играчи погодуваа. Прв со два гола кој се запиша во листата на овој меч беше Арти Азизи. Потоа третиот гол го постигна Ненад Дамјановски за веќе сигурна предност. До крајот на првиот дел во листата на стрелците се запишаа уште и Коста Бошковски, Матеј Киш, Стефан Бранковски, Павел Андов и Пешов Бојан. На полувреме се замина со голема предност од 8:0.

fdfdfdВо вториот дел во игра влегоа сите играчи од Вардар. Прв кој се запиша во листата во вториот дел беше Ненад Дамјановски, потоа гол постигна и Матео Ќесиќ за огругла предност од 10:0. Следните два погодоци беа дело повторно на двоецот Азизи – Дамјановски за 12:0. До крајот на мечот во листата се запишаа уште и Maтеј Киш со уште два гола и на крајот Стефан Марковски за конечни 15:0. Вреди да се напомене дека на овој дуел и две добри одбрани имаше нашиот голман Лука Грчески.

18716520_1464923370231583_2031469109_n

Честитки до тимот за пласманот во 1/2 финалето.