Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Александар Васоски со ПРО тренерска лиценца
Александар Васоски  со ПРО тренерска лиценца

Александар Васоски со ПРО тренерска лиценца

Асистент тренерот на Гоце Седлоски во ФК Вардар,  Александар Васоски вчера се стекна со тренерска дозвола од највисок ранг – ПРО лиценца на УЕФА.

h2

Tој на тренинг кампот на Вардар пред претставници од центарот за едукација на тренери на Фудбалската федерација на земјава   успешно го положи завршниот испит, и се стекна со оваа лиценца.  Васоски најпрво имаше презентација, потоа  анализа на противник, и на крајот  на терен со дел од играчите на Вардар оддржа тренинг пред комисијата од ФФМ. Вардаровата  фудбалска легенда како помошник е дел од стручниот штаб на црвено-црните  од почетокот на 2014 година.