Младата репрезентативка на Македонија Симона Стојановска, се раздели со Вардар. Стојановска својата кариера ќе ја продолжи во шампионатот на Полска во екипата на Балтика Шчечин. Стојановска договор со овој полски тим потпиша на две години.
Стојановска има 20 години, последните неколку сезони настапуваше во тимот на Вардар СЦЈС. Покрај Стојановска, од Вардар веќе заминуваат уште девет до десет ракометарки кои веќе се во потрага по нови клубови.