ФК Вардар (1) генерација родени 2004 играа натпревар за трето место во детската лига со екипата на ЛГ од Битола. Во овој дуел момците дојдоа до победа и обезбедија “бронза“.
Натпреварот почна со офанзива на црвено-црните сепак прв удар за одбележување имаа битолчани, тие се заканија опасно, но на голот беше одличниот Василев кој ја расчисти опасноста во овој прв посериозен напад. Прва прилика за водство имавме преку Матео Софијаноски тој изведе пенал по три корни за нас, сепак не го посака среќата и го промаши истиот. Василев не одржува во игра со уште една одлична одбрана во продолжението од натпреварот. Во средината на полувремето ја имавме топката во наш посед постојано атакувавме на голот на битолчани. Инцијативата вроди со плод, Теодор Перковски погоди за наше водство до 1-0. Битолчани брзо изедначија тие шутнаа, топката зафати еден од нашите играчи и заврши во мрежата, за реми резултат 1-1. Повторно на сцена стапи Теодор Перковски кој изведе казнен удар по три корни, со неговиот втор погодок поведовме со 2-1, резултат со кој се отиде на одмор на овој дуел.
Во вториот дел стартувавме со нова одлична одбрана на Василев, тој одлично одбрани еден тежок удар по изведен слободен удар на екипата на ЛГ Битола. Одличниот денес Теодор Перковски повторно беше во прилика, сепак неговиот удар заврши крај голот. Гуџуфи се најде во прилика за црвено-црните сепак и во овој обид момците на Ане Андовски, не впишаа нов погодок. Во следните две прилики Гуџуфи беше непогрешлив најпрвин погоди за 3-1, а подоцна постигна гол за наша предност од 4-1.
Овој резултат беше конечен на овој дуел и истиот донесе “брозна“ за ФК Вардар (1) генерација 2004. За одбележување во финишот беше една прилика од слободен удар на Софијаноски која не заврши во мрежата на нашиот ривал.