Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Бронзени во детската лига ФК Вардар(2) генер.2005, момците на Кралевски во малото финале триумфираа над ЛГ Битола
Бронзени во детската лига ФК Вардар(2) генер.2005, момците на Кралевски во малото финале триумфираа над ЛГ Битола

Бронзени во детската лига ФК Вардар(2) генер.2005, момците на Кралевски во малото финале триумфираа над ЛГ Битола

Во  натпреварот за “бронза“ во детската лига кај генерација родени 2005 екипата на ФК Вардар (2) се сретна со тимот на ЛГ Битола. Момците на Игор Кралевски дојдоа до победа и третто место со високи 7-0 (1-0) на овој дуел.

a6

Појдовме офанзивно од првата минута со цел рано да го отвориме резултатот во наша корист и да дојдеме до победа за медал. Преку Александар Калановски успеаваме да поведеме на почетокот од овој дуел со 1-0.  Истиот играч потоа имаше обид и за втор погодок, шутна силно, сепак за жал топката мина крај гол конструкцијата. Калановски е опасен во овој дуел постојано е закана за голот на битолчани, тој се обиде и по трет пат кога ударот одлично го одбрани голманот на ЛГ и го спаси својот гол. Во втората половина од полувремето имавме уште серија прилики кои за жал не ги претворивме во гол за удвојување на водството. Најпрвин Лефковски шутна над гредата, потоа Кулуковски од голема далечина шутна силно топката не го посака и заврши во дирекот. Доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра во ова полувреме, имавме серија прилики сепак на одмор заминавме со минимална предност од 1-0. Последна прилика за одбележување во првиот дел имаше Коневски за вардарци.

a8

Во вториот дел сета наша офанзива која во првиот дел не беше крунисана со погодоци во вториот дел беше наградена со четири гола во мрежата на битолчани. На самиот старт на вториот дел зголемивме на 2-0 преку Дамјан Конески, тој шутна силно голманот на битолчани поради влажниот терен не ја исконтролира топката и таа заврши зад неговиот грб. Потоа од пенал по три корни Влатко Кулуковски беше сигурен “егзекутор“, со што поведовме со 3-0 и најавивме дека бронзата е црвено-црна.

a7

До крајот постигнавме уште четири гола во мрежата на врсниците од екипата на ЛГ Битола. Најпрвин за 4-0 стрелаше Лука Јакимовски, а за резултат 5-0 стрелец беше Лефковски. По овој погодок доминиравме и постигнавме уште два гола за 6-0 погоди Влатко Кулуковски , за 7-0 кои беа  конечени резултат погоди Стефан Наумовски.