Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Уште една победа го дели Вардар до нова титула, црвено-црните рутински до нова победа против Охрид 2013
Уште една победа го дели Вардар до нова титула, црвено-црните рутински до нова победа против Охрид 2013

Уште една победа го дели Вардар до нова титула, црвено-црните рутински до нова победа против Охрид 2013

Попладнево во голема сала на спортскиот центар Јане Сандански, екипата на РК Вардар го одигра препоследното коло во рамките на супер-лигата, а последен натпревар на домашен терен за оваа натпреварувачка сезона. Црвено-црните стигнаа до нова рутинска победа, овој пат во дуелот со Охрид 2013, со резултат 38:23.

Натпреварот подобро го отвори екипата на Охрид која во воведните минути имаше водство од 1:3, на кое Вардар одговори со серија од 4:0. Со два последователни голови на Вуко Борозан го израмнивме резулатот на 3:3, за во контра-напади да погодат Дибиров и Кањелас за предност на црвено-црните од 5:3. Гостинската екипата ја прекинува нашата серија и враќа со два погодоци во серија и го израмнува резултатот на 5:5. Екипата на Охред не сакаше предвреме да биде решен победникот, па до десеттата минута одржуваше резултатска рамнотежа, кога имаше и водство од 6:7, за набрзина да врати Шишкарев со два гола и повторно да му донесе водство на својот тим од 8:7. Во следните пет минути се играше гол за гол, а последното израмнување беше при резултат 9:9. Следеше нова серија на Вардар од 4:0 и со два последователни голови на Фереира, за прв пат на натпреварот имаме водство од четири гола разлика (13:9). Од тие моменти екипата на Охрид започна да ја губи концентарцијата и силата се надигрува со Вардар. Следува и погодок на Карачиќ, за водство од 14:9, а до крајот на првото полувреме со серија од 6:4, на одмор одиме со предност од 20:13.

Вториот дел започнува со гол од брз контра-напад, кој со гол го претвара Дибиров за предност од 21:13.Тренерот Гонзалес често вршеше ротации во составот, давајќи им подеднаква шанса за настап на сите играчи. Противникот прави една мини серија од 1:3 и за момент го намалува резултатот на 22:16. Имаше можност Охрид да намали и на пет гола негатива, но сече една топка Душебаев кој ја претвара во гол, за враќање на седумте голови предност. Работите полека си доаѓаа на свое место, а црвено-црните не дозволуваа никакво опуштање, па во 40 минута од мечот со голот на Шишкарев стигнуваме до двоцифрена предност од 28:18. Веднаш потоа погодија и Циндриќ и Шишкрав, за само водството се повеќе да расте во наша корист, во тие моменти имавме убедливи 30:18. Како одминуваше натпреварот се зголемуваше нашето водство и истото во еден момент гласеше 35:20. Конечниот резултат на крајот гласеше 38:23.

Вардар: Штербик, Стоилов 2, Недановски 2, Милиќ, Рожерио 3, Карачиќ 3, Душебаев 7, Абутовиќ, Кањељас 1, Циндриќ 4, Дибиров 5, Шишкарев 6, Борозан 5.

Уште еден натпревар го дели Вардар до нова првенствена титула. Дуелот против Борец од Велес ќе го одиграме на гостински терен, по завршување на Ф4 во Келн, по што ќе се промовираме во нови шампиони на Македонија.