Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шампионската генерација ‘“2003“ со 19 победи и еден нерешен резултат ја заврши сезоната во регионалната лига, денес совладана екипата на Куманово
Шампионската генерација ‘“2003“ со 19 победи и еден нерешен резултат ја заврши сезоната во регионалната лига, денес совладана екипата на Куманово

Шампионската генерација ‘“2003“ со 19 победи и еден нерешен резултат ја заврши сезоната во регионалната лига, денес совладана екипата на Куманово

Генерацијата на ФК Вардар, родени 2003 година денес на теренот на академијата го одиграа последното коло, по што се промовираа во шампиони на Македонија. Избраниците на Трајановски со триумф ја завршија сезоната, совладувајќи ја екипата на Куманово со резултат 4:1.

Тренерот Томче Трајановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски Ѓорѓоски, Абдулаху, Маркоски, Мешковски, Давидовски, Стојановски, Мирков, Прелоговски, Стојановски, Андрески.

Прв кој се закани кон противничкиот гол беше Филип Ѓорѓоски, кој со глава бие покрај голот на противникот. Црвено-црните беа во комплетна офанзива кон голот на Куманово. Следен кој се обиде беше Лео Андрески кој шутира во рацете на добро поставениот голман на гостинската екипа. По неколку шанси, Вардар успева да постигне гол и да поведе со 1:0. По добро нафрлена топка од левата страна на Андрески во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде Антонио Мирков, кој од непосредна близина ја заби топката во голот на противникот.

6

Продолживме и по отварање на резултатот со иницијатива на теренот, а Дамјан Маркоски имаше обид кој завршува над голот. Шанса во стартниот состав на денешениот меч доби и Георг Стојановски, кој настапува за геенрацијата “2004′. Токму тој имаше удар, кој заврши во рацете на рацете на голманот на Куманово. Гостинскиот тим речиси и да не се закани кон нашиот гол, а црвено-црните успеваат да го зголемат резултатот на 2:0. Во листата на стрелци се запишува и Александро Прелоговски. Најпрво биеше Андрески, од прва одбрани голманот на Куманово, за на одбиената топка да наиде Прелоговски кој ја смести во мрежата. До крајот на првото полувреме, постигнавме уште еден гол за водство од 3:0. Стрелец на истиот беше Абдула Хасани, кој постигнува гол со глава од изведен корнер од десната страна, во последната минута од првото полувреме. Веднаш потоа судијата отсвири крај на првиот дел.

7

На стартот на второто полувреме беа напрвени неколку измени во нашиот состав. Од игра излегоа Стојановски, Маркоски, Абдулаху, Андрески. На нивно место влегоа Пашариковски, Тасески, Цветков и Јаневски. Првиот удар во второто полувреме го имаше Абдулаху, но голманот го брани неговиот обид. Во шанса се најде и Мешковски, кој бие во рацете на добро псотавениот голман на Куманово. Нововлезениот Пашариковски исто така имаше обид, но слабо биеше. Гостинската екипата успева да постигне почесен гол и да го намали резулттаот на 3:1, со удар од белата точка. Сепак до крајот на мечот, Вардар псотигна уште еден гол и тоа дело на голманот Лука Стојковски, за водство од 4:1, кој доби шанса во второто полувреме да игра во нападот.

1

4

На тој начин Вардаровата генерација “2003“ со 19 победи и 1 нерешен резултат ја заврши оваа натпреварувачка сезона убедливо на првото место.