Во четвртото коло од младинската фудбалска лига,екипата Фк Вардар У 18 на домашен терен ремизираше 1:1 со екипата на Металург.Тимот предводен од тренерот Љупчо Марковски имаше поголема иницијатива во текот на целиот натпревар со повеќе шанси,но сепак немаа среќа да ги однесат сите три бода од овој дуел.
-Доста добар натпревар со одлични шанси,од кои повеќето беа наши.Ова за мене е супер чуство,бидејќи го постигнав единствениот гол против Металург,со лоб удар од далечина повеќе од 20 метри.Примивме гол несреќно од пенал,но тоа е фудбалот.Во последните минути имавме две одлични шанси за погодок,но среќата не не посака.Во следното коло играме со екипата на Академија Пандев,и се надевам на победа во Струмица,изјави Александар Најдоски за Вардарфанс.мк.
22.09.2014
Звонко Ивановски