Вечното градско дерби помеѓу екипите на Фк Вардар У 18 и нивните врсници од Работнички заврши со поделба на бодовите,кој одиграа без голови 0:0.По стартните две победи во првенството,и една во купот на Македонија,момците предводени од Љупчо Марковски одиграа реми со Работнички.
-Одигравме еден тежок и квалитетен натпревар.Дуелот помеѓу Вардар и Работнички е вечно градско дерби.Мислам дека бевме за нијанса подобри и поконкретни,создадовме повеќе шанси за гол,но за жал не успеавме да ги претвориме во погодок.Мислам дека неправедно заработив жолт картон во петата минута од натпреварот,потоа на 15 минути пред крајот кога најмногу напаѓавме,при еден старт судијата ми додели и втор жолт картон.Тоа ги разниша малку работите во нашиот тим,па моите соиграчи беа принудени да се повлечат и да го бранат овој резултат,ни изјави Борјан Тодоровски за нашиот сајт.
13.09.2014
Звонко Ивановски