Екипата на Фк Вардар У 18 се пласираше во следната рунда на купот на Македонија,откако во 1/16 беа подобри од екипата на Хоризонт Турново.Оваа генерација на гостински терен,забележаа убедлива победа од 1:5, и поминаа во следната рунда.Головите за Вардар на овој натпревар ги постигнаа:Виктор Димков(2),Александар Најдоски,Дарко Додевски и Теодор Димитровски.
-Условите беа претешки за игра.Теренот беше многу лош,но нас тоа не не спречи да оствариме нова победа,и да продолжиме понатака.Ги послушавме советите на тренерот.Создадовме премногу шанси,од кои реализиравме пет.Одигравме многу дисциплинирано,успеавме да победиме и да ја поминеме првата фаза од купот.Мора да се фокусираме на следните натпревари и да продолжиме да работиме, ни изјави Дарко Додевски за нашиот сајт.
06.09.2014
Звонко Ивановски