Во четвртото коло од ПМФЛ лидерот на табелара екипата на Вардар беше запрена да дојде до својата четврта победа во низа и да се зацврсти на првата позиција на табелата.Вардар поведе уште на стартот на натпреварот кога по една долга топка,Ивановски убаво се снајде во шеснаесетникот и биеше во небранетиот агол на голманот Манчевски.
Во продолжението од средбата Вардар имаше голем посед на топката,а Тетекс својата шанса ја бараше преку контра напади да го загрози голот на Павловиќ. При крајот на првото полувреме,при еден корнер на домакинот одбиената топка дојде на 20 метри од голот на Вардар,каде што со полу волеј удар Да Силва успеа да постигне гол за израмнување на 1:1.
Во второто полувреме во Вардаровиот тим дојде до свежина со влегувањето на Љамчевски,но по еден прекршок плаво белите успеаа да поведат со 2:1 најубаво се снајде Начевски во шеснаесетникот кој ја смести топката во голот на Павловиќ за 2:1 Вардарци брзо израмнија,одличен продор по левата страна имаше Глишиќ,упати центаршут каде што најубаво се снајде Петров и ја смести топката во голот на Манчевски за конечни 2:2
Следен меч за Црвено – Црните е во среда на домашен терен против Хоризонт од Турново.