Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Младен Донковски: Чуството да се освои Купот со Вардар не се опишува, се доживува
Младен Донковски: Чуството да се освои Купот со Вардар не се опишува, се доживува

Младен Донковски: Чуството да се освои Купот со Вардар не се опишува, се доживува

Викендов се одигра Куп финалето во куглање, во истото Вардар се сретна  со фаворитот за круната КК Макпетрол на патеките 5-8 во Вип кугланата при С.Ц “Борис Трајковски“. Неочекувано, надвор од сите прогнози, очекувања и надежи изненадувачки одлично почнавме и по 4 играчи водевме со 4-0, па во последните два дуела ни требаше само два сета за сигурна победа. На патеките последни за настап беа  Донковски Младен и Димитровски Дарко.  По првиот сет за двајцата дојдовме до еден освоен откако Донковски поведе со 1-0. Следеше исчекување ни требаше само уште еден за пехар, Дарко блесна одигрувајќи го најдобриот сет во финалето со соборени 175 “дрва“ кое заедно со освоениот нов сет и на Донковски  значеше титула и голема радост за црвено-црните.  Разговараме за освоеното “злато“ со еден од хероите, Донковски Младен. За чуството како е да се биде дел од шампионот во Купот, тој вели:
Не се опишува тоа чувство, се доживува! Втор пат во три сезони освојувач на Купот со Вардар. Првата сезона, 2014/15, по само 4 месеци стаж во клубот и сега по 2 ипол сезони стаж. Првата сезона во посилен состав (со Бојан и Дане) по еден настап (турнирски) можеби очекувано, оваа сезона во далеку послаб состав од тогаш, во директен дуел со поквалитетниот Макпетрол, неочекувано и многу послатко.
2
Како го доживеја ова финале, во кое како играч на аусајдерот влезе во истото, а на крајот излезе како играч на Шампионот во Купот на Република Македонија. Неговата оценка ја читаме во продолжение.
.
Финалето го видов како натпревар во кој немаме што да изгубиме, можевме само да добиеме, и добивме! Мој став е дека противникот влезе опуштен во натпреварот, со оглед на тоа што е далеку поквалитетен и се играше на нивни терен (по случаен избор). Ние се надминавме себе, повеќе ја посакувавме победата и на крајот ја добивме, заслужено.
Токму тој и Димитровски Дарко ја имаа “егзекуторската“ улога да нанесат пораз на противникот. Тој во клучниот втор сет порано од противникот заврши со одличен резултат, па притисокот врз него донесе победа и Куп титула за црвено-црните.
19
Задоволен сум што успеав (заедно со Дарко) да ја заверам победата на Вардар. Индивидуално, во куглањето, секогаш може повеќе. 2от сет не беше тактички, туку одлучувачки. На стазата кај што настапи Виктор, се случија неколку прекини, јас бев фокусиран на мојата стаза, одиграв максимално сконцентрирано и не оставив простор противникот да се разигра.
.
Донковски за крај дава оцена за изминатата сезона 2016/2017 која веќе е зад нас и за очекувањата во идната есен. Наесен почнува повторно Македонската кугларска лига, европски предизвици и серија други предизвици во куглањето.
.a10
По освоениот Куп, атмосферата во клубот е на највисоко ниво. Следува заслужена двомесечна пауза, па враќање на стазите и подготовки за предизвиците кои ќе не чекаат наредната сезона. Сезоната 2016/17 на крај се покажа како повеќе од успешна. Со заминувањето на Дане, потоа и на Бојан, целта беше со крајни напори да го задржиме ланското второ место и да обезбедиме пласман во финале на Купот. Обезбедено е второто место, освоен е и Купот. Јас сум презадоволен, а верувам и соиграчите