Денес на стадинот “Борис Трајковски“ во населбата Маџари, се играше финалето во купот, кај генерација “2002“ помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Истиот е прекинат во 60-тата минута поради невреме, при резултат 2:2.
Тренерот Ѓорѓиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Величковски: Крстевски, Ѓурковски, Асани, Петејчук, Илиевски, Салиу, Фазлиу, Игнатов, Речица, Омерагиќ.
Вардар во текот на првото полувреме беше подобрата екипата на теренот и на одмор замина со водство од 2:1. Пред да го отвориме резултатот, првата шанса ја имаше Викотр Крстевски, кој биеше покрај голот на Работнички. Црвено-црните успеваат да поведат по една грешка на противничката одбрана, која немилосредно ја казни нашиот напаѓач, леонид Игнатов, кој донесе водство од 1:0. Сепак во продолжение од натпреварот, тимот на Работнички успева да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. Веднаш Вардарци го вратија голот и повторно преку леонид Игнатов, го враќаат водството од 2:1. Со овој резултат се замина на полувреме.
На стартат на вториот дел, противничката екипата постигнува гол, за израмнување на 2:2. Во следните десет минути не гледаме некоја посериозна шанса, а силното невреме го прекина ова финале, кое ќе се доигра во вторник во истиот термин со почеток до 17 часот и на истиот стадион. Сепак ова финале ќе започне од почетниот резултат 0:0 и тоа од првата минута.