Вардар направи уште еден голем подвиг и успеа да се пласира во финалето од лигата на шампионите. Пред избраниците на Раул Гонзалес, падна големата Барселона, која мораше да им честита на нашите играчи за победата. Јунак и херој во триумфот беше Лука Циндриќ, кој речиси си звукот на сирената постигна гол и ги постави конечните 26:25. На тој начин го однесе Вардар во борбата за европската титула, каде утре противник ќе ни биде тимот на ПСЖ.
-Најпрво да им честитам на моите соиграчи, тренерите, навивачите и на сите во Македонија. Од првиот меч го сонуваме својот сон, кој на крај стана реалност. Се боревме и го дадовме максимумот. Победивме заслужено. На почетокот бевме нервозни, но, бевме на се подготвени, добро работевме. Се подготвувавме чекор по чекор. Многу пати оваа сезона го гледавме ПСЖ, тие се врвна екипа, но на крајот се надевам дека ќе ги победиме, изјави Циндриќ за медиумите во Келн.