Вардар се искачи на врвот на Европа, освојувајќи ја првата Европска титула во својата историја. За два дена победивме две големи и врвни екипи. Најпрво во полуфиналето бевме подобри од екипата на Барселона, за вечерва во големото финале да бидеме подобри и од екипата на ПСЖ. Капитенот на црвено-црните, Стојанче Стоилов истакна дека е горд на својот тим.
-Не знам што да кажам, ова е невозможно, но успеавме, голема чест и гордост ми е што сум капитен на Вардар, што направивме нешто што никогаш претходно не се случило во Македонија, што направиме историски успех. Горд сум со овие момци, кои покажаа муда до колена.