Сопственикот на ракометниот клуб Вардар и најзаслужниот за успесите на машката и женската екипа на Вардар, господинот Сергеј Самсоненко беше присутен на големото финале во ЛШ, помеѓу екипите на Вардар и ПСЖ. При свеченото доделување на медалте и трофејот на пиедесталот се појави и Самсоненко, кој заедно со играчите ја сподели оваа голема радост.
На крајот трофејот го сподели заедно со навивачите, кои дојдоа во голем број на овој завршен турнир да го бодрат својот миленик.