Вардар е нов шампион на Европа, а голем број од ракометарите го исполнија својот сон да го подигнат трофејот од најголемото ракометно натпреварување. Еден од нив е Хорхе Македа, за кој ова беше втора сезона во црвено-црниот дрес.
–Се уште не можам да поверувам, се надевам никогаш нема да се разбудам од овој сон. Доживеав неверојатни емоции. Големо благодарам до сите, напиша Македа на социјалнита мрежа, Инстаграм.