Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ е единствениот ракометар, кој успеал да ја одбрани Европската титула
Чупиќ е единствениот ракометар, кој успеал да ја одбрани Европската титула

Чупиќ е единствениот ракометар, кој успеал да ја одбрани Европската титула

Иван Чупиќ е единствениот играч во историјата на Европскиот ракомет, на кој му има успеано да ја одбрани титулата од лигата на шампионите и тоа со две различни екипи. Минатата сезона како дел од составот предводен од Талант Душебаев, со екипата на Киелце ја освојува првата европска титула во неговата кариера, за истиот успех оваа година да го повтори и со екипаа на Вардар и да стане единствениот играч, кој му успеало вакво нешто. Чупиќ го постигна последниот гол во финалето против ПСЖ, вреден трофеј од најголемото ракометно натпреваруње. Тој истакна дека акцијата при постигнување на последниот гол била осмислена, со цел да се направи простор за удар, за него или Душебаев.

-Имавме тајмаут и се договоривме да направиме вишок за мене за да шутирам или доколку се отвори простор за Алекс, тој да го има последниот шут. На крајот остана место за мене и јас упатив удар. Видов пукнатина кај Омејер и биев на тоа место. Постигнав гол и тоа е тоа.

Чупиќ потенцира дека Вардар играл одлично во текот на целата сезона, а напорната работа била крунисана со двете победи на завршниот турнир во Келн.

-Ова не е трофеј што дојде само со натпреварите одиграни тука во Германија. За овој трофеј се боревме во текот на целата сезона.Работевме многу и напорно, така што ова е трофеј на сите и награда за долгата напорна работа.