Денес на стадионот во населбата Ѓорче Петров се преигра финалето од купот, кај генерација “2002“ помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Истото беше прекинато во саботата, кога при резултат 2:2 во 60 минута од натпреварот, поради силното невреме мораше да се прекине. Беше одлучено истото да се одигра од почеток и тоа денес, на кој славеше екипата на Работнички, кој стана освојувач на купот во оваа возрасна генерација.
Тренерот Петар Ѓорѓиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Величковски, Петејчук, Асани, Тодорски, Костовски, Крстевски, Игнатов, Салиу, Омерагиќ, Речиџа, Фазљиу.
Во денешното финале, екипата на Вардар беше ослабена за неиграњето на репрезентативците Марио Илиевски и Александар Ѓурковски, кои заминаа со повозрасната генерација, родени “2001“ година, на турнирот во Бјелина. Тоа го искористи противникот, кој уште по првото полувреме, имаше солидно водство од 2:0, кое во првите десет минути од второто полувреме успеа да го зголеми на 3:0. Вардар и покрај големата негатива не помисли да се предаде и со двата гола на Леонид Игнатов за само девет минути да го намали резултатот на 3:2. До крајот на мечот останаа уште десет минути, во кои Вардар се обиде да го израмни резултатот, но тоа на крајот не им успеа.
На тој Работнички со освоениот куп, стигна до двојната титула во оваа натпреварувачка сезона.