Европскиот шампион, екипата на Вардар веќе се наоѓа на плоштадот во Скопје, каде ги пречека голема толпа на народ. Тие по пристигнувањето на аеродромот “Александар Велики“ со посебно брендиран автобус се упатија до триумфалната порта и плоштадот во Скопје.
Веќе се наоѓаат таму, каде заедно со неколку илјади свои навивачи заедно ја слават шампионската титула.