Само една сезона е во дресот на Вардар и веднаш стигна до Европската титула. По неколку неуспешни обиди на завршните турнири, конечно му се оствари желбата на Жоан Кањелас да биде шампион на Европа. Тоа се случи токму со екипата на Вардар.
После пречекот кој им го приреди народот во Македонија, Кањелас изјави “Сега знам зошто сите ја сакаат Македонија, а на својот “Твитер“ го напиша следново: “Без зборови, ова е Скопје“.