Во салата Автокоманда вчера се одигра бараж-натпреварот за опстанок во македонската ракометна Суперлига. Претпоследниот во плејаут-фазата тимот на Металург 2, се сретна со второпласираниот тим од Првата лига екипата на РК Вардар 2. Екипата на Металург 2 убедливо го совлада нашиот млад колектив предводен од Зоран Петковски-Зенга со 36-26.
Во воедните минути Вардар 2 беше рамноправен противник, потоа домаќините во Автокоманда ја превземаа иницијативата и веќе по средината на првиот дел дојдода до предност од осум голови. До крајот на првиот дел предноста достигна двоцифрена бројка, сино-белите дојдоа и до највисоки десет плус, на одмор се замина со 20-10 по првото полувреме.
Второто полувреме беше рутина, големата предност во игра гол за гол ја задржаа младите металурзи кои обезбедија повторно настап во суперлигашката конкуренција и идната натпреварувачка сезона. Тие дојдоа до победа со резултат 36-26 на крајот. Најдобри стрелци во составот на Металург 2 беа Димитриовски и Шилегов со по 6 голови, додека кај Вардар 2 Ѓоршоски беше лидер на стрелците со постигнати 6 погодоци.
Вардар 2: Петковски, Чакалиќ 3, Крстевски 2, Мишевски 1, Трајковски 2, Димитров, Апостоловски 3, Гичев, Мицановски 1, Ѓоршоски 6, Брауновиќ, Стоилевски 2, Стошиќ 1, Амзоски 1, Атанасовски 3, Стојановски 1.