Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шампионите на прием во Владата на Република Македонија
Шампионите на прием во Владата на Република Македонија

Шампионите на прием во Владата на Република Македонија

Денес по повод европското злато ракометарите на Вардар, стручниот штаб, почесниот претседател Михајло Михајловски  и сопственикот на г-н Сергеј Самоненко  беа на прием во владата на Република Македонија. Тие беа примени како шампиони.

Премиерот Заев им ја честиташе  шампионската титула и  рече и дека нивниот успех ја мотивирала Владата да размислува за засилено темпо во инвестирањето во спортот и за дополнително предлагање закони кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за спортистите. Од името на Владата, тој на ракометарите им врачи свечена плалета, а сопственикот на РК Вардар, рускиот конзул во земјата г-н Сергеј Самсоненко, на премиерот му даде еден од шампионските златни медали.

foto>ekipa.mk