Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втора година по ред, ФК Вардар генерација “2004“ се шампиони на Македонија
Втора година по ред, ФК Вардар генерација “2004“ се шампиони на Македонија

Втора година по ред, ФК Вардар генерација “2004“ се шампиони на Македонија

Вардаровата генерација родени “2004“ година предводена од Ане Андовски го повторија успехот од минатата сезона, кога освоија прво и трето место во детската фудбалска лига. Истото достигнување го направија и оваа година, кога се закитија со златниот и бронзениот медал во ова натпреварување. Вардар (2) успеа на крајот да го освои првото место со победата во големото финале против Шкендија (дури по изведување на удари од белата точка), додека Вардар (1) во малото финале ја победи екипата на Талент од Битола. Вардар (1) ја заврши сезоната со 22 победи од 23 одиграни мечеви. Оваа екипа успеа да постигне 134 голови во противничките мрежи, а да прими 28 голови. Ова се сите постигнати резултати на екипата во регуларниот дел на сезоната од детската лига:

1 коло: Вардар – Сарај 5:1

2 коло: Вардар – Фортуна 3:1

3 коло: Вардар – Смилковци 8:0

4 коло: Вардар – Шкендија А. 11:1

5 коло: слободни

6 коло: Вардар – Куманово 10:1

7 коло: Вардар – Албарса 7:1

8 коло: Вардар – Кул Здравје 4:1

9 коло: Вардар – Милано 2:0

10 коло: Вардар – Сарај 6:0

11 коло: Вардар – Фортуна 9:2

12 коло: Вардар – Смилковци 4:1

13 коло: Вардар – Шкендија А. 15:0

14 коло: слободни

15 коло: Вардар – Куманово 3:0 ( службено)

16 коло: Вардар – Албарса 3:0 ( службено)

17 коло: Вардар – Кул Здравје 9:0

18 коло: Вардар – Милано 3:2

Оваа екипа успешно го помина и елиминацискиот дел во скопско-кумановскиот регион, каде поминаа две пречки, за да стигнат до завршниот турнир на најдобрите од цела Македонија. Во овој дел од разигрувањето издвојувавме победи против Работнички и Шкупи.

1/4 Вардар – Работнички  5:3

1/2 Вардар – Шкупи  6:3

a21

На завршниот турнир, на терените на ФФМ, во еден ден се одиграа четврфиналните и полуфиналните мечеви. Нашие момци во 1/4 немаа проблеми во дуелот со Фудбал Старс од Кочани, која ја совладаа убедливо, со двоцифрена разлика, додека во полуфиналето наидовме на Шкендија, која ни го насе првиот пораз во оваа натпреварувачка сезона. За третото место и борбата за бронзениот медал, бевме подобри од тимот на Талент од Битола.

1/4 Вардар – Фудбал Старс  10:0

1/2 Вардар – Шкендија  7:10

3 место: Вардар -Талент 4:1

Состав на Вардар (1): Васко Василев, Наум Ангелов, Никола Павлески, Максим Милошевски, Матео Софијаноски, Марко Софијаноски, Бесар Гуџуфи, Лука Ивановски, Матеј Богдановски, Теодор Перковски, Стефан Стојановски.

a1-660x330

Вардар (2) успеа да стане шампион на Македонија, без ниту еден изгубен меч во текот на целата сезона. Овој состав имаше вкупно 23 победи од исто толку мечеви. Импресивна бројка на постигнати голови, или вкупно 187 за оваа екипа, која прими само 14 голови, во текот на целата сезона.

1 коло: Вардар – Форца 10:0

2 коло: Вардар – Кул Здравје 10:0

3 коло: Вардар – Њу Старс 9:0

4 коло: Вардар – Работнички 9:1

5 коло: Вардар – Њу Јорк 25:0

6 коло: Вардар – Спорт Ефе 4:0

7 коло: слободни

8 коло: Вардар – Викторија 7:0

9 коло: Вардар – Шкупи 5:2

10 коло: Вардар – Форца 2:0

11 коло: Вардар – Кул Здравје 15:1

12 коло: Вардар – Њу Старс 8:1

13 коло: Вардар – Работнички 8:1

14 коло: Вардар – Њу Јорк 16:0

15 коло: Вардар – Спорт Ефе 3:0 ( службено)

16 коло: слободни

17 коло: Вардар – Викторија 14:0

18 коло: Вардар – Шкупи 2:1

Во скопско-кумановскиот регион, во рамките на елиминацикиот дел издвојувавме две големи победи и полека го најувавме атакот на првото место. Тука беа совладани екипи на Смилковци и Кул Здравје и тоа со многу погодоци во нивните мрежи.

1/4 Вардар – Смилковци  8:0

1/2 Вардар – Кул Здравје  9:1

1916

Бе поголеми проблеми го минавме и минатогодишниот противник во полуфиналето и финалето за нашите момци, тимот на Брегалница од Штип. Во полуфиналето ја наполнимвме мрежата на Битолчани, за во големото финале да ги одмериме силите со тимот на Шкендија. Таму дури по изведување на пенали, успеваме да славиме, благодарени на нашиот голман, Стефан Тасев кој имаше три одбранети удари од белата точка.

1/4 Вардар – Брегалница  7:1

1/2 Вардар – Талент  12:1

ФИНАЛЕ: Вардар - Шкендија  4:4  ( пенали  3:1)

Состав на Вардар (2): Стефан Тасев, Игор Јаневски, Димитар Стоимов, Марио Ричков, Давид Љушев, Огнен Здравковски, Георг Стојановски, Горазд Попов, Никола Анчевски, Сандро Каровски, Марио Сурлов.

306-660x330

Кога го сумираме целокупниот остварен резултат на двете екипи, тоа се вкупно 55 победи, постигнавме 321 гол, а примивме 42 голови. Следниот текст поврзан со оваа генерација, ќе биде за најдобриот стрелец, како и за сите играчи, кои успеваа да погодуваат оваа сезона. Одлична сезона за избраниците на Ане Андовски, кои повторно покажаа дека се најдоброто од Македонија. Следната сезона оваа генерација оди во повозрасна, како “2003“ која ќе се натпреварува на голем терен во регионалната-скопска лига.