Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ги „пали моторите“ на 14 јуни

Вардар ги „пали моторите“ на 14 јуни

Нема време за голем одмор за шампионот на Македонија. Вардар во среда ги “пали моторите”, Седлоски ќе прозива на тренинг кампот на Вардар. Планот и агендата на Вардар е во Скопје да се тренира се до 18 јуни, потоа се заминува во Австрија, во Бад Татцмансдорф.

Во комплексот „Авита“ нашиот тим треба да остане се до 2 јули, кога е закажано враќањето во Скопје и продолжување на подготовките за квалификациите од Лигата на шампионите.

Во Австрија Вардар ќе одигра четири до пет пријателски средби со тимови од Русија, Словенија и тн.