Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Горан Симиќ: Македонија и Македонците, се најубавото нешто што ми се имаат случено во животот
Горан Симиќ: Македонија и Македонците, се најубавото нешто што ми се имаат случено во животот

Горан Симиќ: Македонија и Македонците, се најубавото нешто што ми се имаат случено во животот

Новиот Европски шампион, екипата на РК Вардар на крајот од сезоната се прости со тројца свои ракометари, како и со тренерот на голманите, Горан Симиќ кој по четири сезони поминати во клубот го напушти Скопје. Популарниот “Симке“ дојде во првата сезона, кога клубот го превзема, Сергеј Самсоненко и тоа заедно со неговиот соработник, кои претходно заедно работеа и во репрезентацијата на Црна Гора, Зоран Кастратовиќ. Симиќ уште по неговото доаѓање го препознал Вардар како голем проект, кој еден ден ќе атакува на трофејот од лигата на шампионите, кој на крајот излезе како вистина. За нашиот сајт, Симиќ ги сподели најубавите моменти поминати во Вардар и Македонија.

-Пред четири години дојдов во Вардар преку Зоран Кастратовиќ, кој ме препорача на сопственикот, Сергеј Самсоненко. Мислев и се покажа како вистина дека овој проект може да биде многу сериозен. Кога видов како се работи и каква публика има Вардар и како Македонија и народот живеат за ракометот , знаев дека ова е клуб за големи успеси, кое се потврди со освојување на лигата на шампионите.

Вардар по освојување на Европската титула имаше пречек од народот во Македонија, кој ги поздрави новите шампиони на Европа.

-Моментите кои ги доживеав по доаѓањето во Скопје и оној велинчествен пречек, ќе ги паметам за цел живот. Тоа беше нашиот сон, кој на крајот стана и реалност. Да не зборувам за цело Скопје, едноставно цела Македонија додека сум жив ќе остане во моето срце. Едноставно кажано Македонија и Македонците, се нешто најубавото што ми се имаат случено во животот. Кога си далеку од својот дом, а некој ти овозможи да се чуствуваш како дома, тогаш нема зборови со кои можам да ја изразам мојата благодарност со сите вас кои ги запознав во овие четири години. Тука стекнав многу другари и искрени пријатели, со кои сум секојдневно во контакт. Неможам да кажам дека ми е жал што си заминувам, бидејќи се враќам на својата фамилија, но знам секогш кога ќе имам можност ќе ја посетам Македонија.

Симиќ потенцира дека најголемата загуба за екипата е заминувањето на Алекс Душебаев од екипата.

-Што се однесува до Вардар, мислам дека многу тешко дека некој ќе го замени Алекс Душебаев и ако тука се постигне некој баланс, Вардар има голема шанса за одбрана на сите четири трофеи и следната година.

Вардар и оваа сезона имаше одлично голманско трио, предводено од неверојатниот Арпад Штербик, кој беше прогласен за МВП на завршниот турнир во Келн, каде Вардар стана шампион на Европа.

-Кај голманите, Арпад е светска класа, која ја покажа и оваа сезона. Мислам дека повторно од голманите ќе зависи успехот на Вардар, што се покажа и годинава. Тие беа најдобри на секој натпревар на црвено-црните. Штербик, Милиќ и Ангелов се голмани, со кои е задоволство да се работи, но не само тоа, туку и дружењето со нив надвор од терените. Ние бевме како еден, имавме наши посебни ритуали, пред секој тренинг и натревар и тоа највеќе ќе ми недостасува. Им ја посакувам сета среќа во продолжение од нивните кариери. Уште еднаш сакам да се заблагодарам на сите за се што сторивте за мене.

Звонко Ивановски