Зад нас е сезоната во кугларската лига и Куп, на сила е летната пауза во овој спорт. Следна активност е идниот преоден рок кој започнува за само пет дена. Според информацијата од Кугларската федерација на земјава летниот преоден рок почнува на 20.06.2017 година и ќе трае до 12:00ч на 30.06.2017 година.
Во црвено-црниот кугларски колектив не се очекуваат драматични промени на ростерот во овој рок. На нивната страница веќе потврдија дека Георг Поп-Крстев и Марјан Згонц ќе продолжат со Вардар и во идната сезона. Сигурни се браќата Дарко и Димитар Димитровски кои воедно се и на раководните места во управата на тимот. Вардар ќе го задржи поголем дел од ростерот, се очекува најмногу едно заминување и едно до две нови имиња може да очекуваме во нашиот тим во овој преоден рок.