Кошаркарскиот клуб Вардар во периодот од 20-27 јуни ќе биде организатор на летен камп “Халкидики 2015“. Кампот ќе содржи шест кошаркарски терени со зглобни обрачи, стаклени табли, софт подлога, два базени и други спортски терени. На кампот ќе се работи со посебна програма специјално подготвена за возраста на учесниците, со цел за нивна кошаркарска наградба.
Учесниците во кампот ќе имаат можност да работат со многу тренерски имиња кои се дел од младинските екипи во Македонската кошарка, како Никола Данев, Младен Јегдиќ, Ѓорѓи Кочев Филип Ѓорѓиовски и.т.н. Кампот е од затворен тип, што подрабира максимална безбедност за секој играч. Ќе има специјален тренинг за бекови, за центри. Дневно ќе има по два тренинга.
Исто така КК Вардар ќе организира кошаркарски камп и во С.Ц.Кале во периодот од 11-18-ти јуни.
БИДЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ, ОД ЛЕТНИТЕ КАМПОВИ НА КК ВАРДАР.