Жрк Вардар во сабота ќе го одигра полуфиналниот натпревар од лигата на Шампионите, против екипата на Будуќност од Црна Гора. Црвено-црните девојки со голем мотив и желба за триумф, го очекуваат овој дуел кој би ги понел во големото финале. Каков натпревар не очекува, ни произнесе Андреа Кликовац која има главна улога во одбраната, но и во нападот како замена за Лазовиќ на позицијата десен бек.
-Ова е финале, пред финале, така би го нарекла овој меч помеѓу Вардар и Будуќност. Двете екипи добро се познаваат . Игравме и оваа година и навистина се работи за искусна екипа, која е во речиси ист состав веќе две години. Не очекува многу тежок натпревар, 60 минути борба каде нијанси ќе го одлучат победникот. Добро се подготвуваме и едвај чекаме да дојде тој меч. Нема многу еуфорија, бидејќи и ние сме искусни за еден одигран Ф4, така да знаеме што не очекува. Најбитно е да влеземе во дуелот со ладни глави и да не дозволиме, важноста на натпреварот да не однесе во друг правец, изјави Кликовац за Вардарфанс.
Звонко Ивановски