Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викенд како порачан за титули!
Викенд како порачан за титули!

Викенд како порачан за титули!

Oвој викенд е како порачан за нашите тимови, порачан за титули.
Време е нашиот ФК Вардар да ја обезбеди веќе толку посакуваната 9-та титула.
Нашите момци гостуваат во Куманово кај Шкендија, доколку го добиеме овој натпревар, и теоретски сме шампиони на Македонија, и ќе играме во квалификациите од Лигата на Шампионите.

Од друга страна пак, нашите девојки овој викенд сабота/недела ќе играат два меча за историја, два меча за подвиг во ракометна европа. На две скалила девојките се од пехарот, само со една добра игра, цврста одбрана, до победа во 1/2 финалето со Будуќност, а потоа и толку посакуваното финале со Виборг/ Динамо.Минатата година Будуќност се спаси за влакно, се спаси дури по продолженија, оваа година имаме посилен, појак тим, тим со засилување и на тренерската позиција, тим спремен за ТИТУЛА !

Нека биде празник за викенд, обоен во црвено – црно славје со титули!
Ајде ајде Вардареее!