Во недела ќе се одигра завршниот турнир на најдобрите четири екипи во младинска машка ракометна конкуренција, на кој ќе го дознаееме новиот шампион во оваа категорија. Младинците на Рк Вардар за противник во полуфиналето ја имаат екипата на Тинекс Пролет.
- За овогодинешниот Ф4 oчекувањата се исти , одиме да ја браниме титулата од минатата сезона. Се надевам дека и оваа сезона ке се радуваме како и минатата. Тука ке ги одмериме силите со исто така добри противници , каде веќе во полуфиналето не чека екипата на на Р.К Тинекс Пролет, која не е за потценување. Формата ни е на високо ниво. Напорно работиме , тренираме и секако се подготвуваме како и за секој натпревар максимално и очекувам дека нашата работа , труд и вложувањата на нашиот тренер ке бидат крунисани со победи.
Домаќин на завршниот турнир ќе биде екипата на Металург и нивната сала во Автокоманда. Црвено-црните ги очекува најверојатно финале со Металург, кој за да стигне тука треба да го совалада Прилеп.
- Мислам дека во овие категории нема голема важност и предност каде се игра и одржува Ф4 . Ние оваа сезона немаме одиграно со Металург утакмица но добро се познаваме меѓу себе. Ако се сретнеме во финале, секако дека одиме на победа и со една цел да ја одбраниме титулата, изјави капитенот Димовски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски