Кој ќе биде новиот ракометен шампион во младинска конкуренција, ќе дознаеме викендов. Сеуште не е точно одредено дали сабота(9-ти) или недела (10-ти), ќе се игра завршниот турнир на најдобрите четири екипи во младинското првенство. Фајнл-форот најверојатно ќе се игра во салата во Автокоманда. Избраниците на Стојан Петрушевски во полуфиналето ќе се сретнат со екипата на Тинекс Пролет, а вториот 1/2 дуел, го сочинуваат Металург и Прилеп.
Предвидено е во исти ден да се завршат овие мечеви, по кој ќе следи одлучувачкиот и финален натпревар за Шампионската титула. Екипата на Вардар максимално се подготвува за завршниот чекор, каде најверојатно битката за првото место ќе се води со тимот од Автокоманда.