Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ!!! Вардар атакува на куп трофејот во сабота

КУГЛАЊЕ!!! Вардар атакува на куп трофејот во сабота

Вардар атакува на куп трофејот во сабота . На 9ти Мај ( сабота) во кугланата Мусандра ќе се одржи последното кугларско натпреварување за оваа сезона – Македонскиот Кугларски Куп, на кој секако ќе партиципира и нашиот црвено-црн кугларски колектив  покрај останатите седум кугларски клубови кој патиципираат во кугларската лига на земјава.

Системот на натпреварување е едноставен, сите екипи настапуваат по еднаш и вкупниот екипен резултат го одредуваат победникот. Вардар влегува во ова натпреварување како еден од фаворитите за пехарот заедно со староновиот шампион, екипата на Макпетрол. Како фаворит од сенка се јавува домаќинот на купот, екипата на ГТЦ која беше единствената екипа која го порази Макпетрол на свој терен после 6 години.

Вардар пак е моментално во најдобра играчка и резултатска форма, па тука ќе ја бара шансата за нов подвиг после вицешампионската титула освоена во сезоната која штотуку измина после само едногодишно постоење на македонската кугларска сцена.
Сабота, 09.05.2015, куглана Мусандра во Градскиот Трговски Центар, со почеток во 10.00 часот- Македонски Кугларски Куп!